Неверемето со град предивика поплави и сообраќаен хаос во Баварија
Големото невреме со град што ја погоди синоќа јужната германска покраина Баварија предизвика поплави, сообраќаен хаос и блокада на патиштата поради паднати дрва, јави ДПА.
Според портпаролот на полицијата во градот Кемптен, југозападно од Минхен, патиштата биле побелени од паднатиот град, а службите за итни случаи пријавиле околу 320 интервенции помеѓу 18 часот и полноќ.
Најпогодени се регионот Алгау и областа Линдау, во близина на Боденското езеро и границата со Австрија. Во тек е расчистување и испумпување на водата од поплавените објекти.
Уште 230 интервенции се пријавени во Розенхајм. Службите за итни случаи интервенирале на поплавените визби и паднати дрва на патиштата и на пруги.
Нема информации за повредени