Неверојатно: Најаскапо продаденото паркинг место во светот вреди 1,3 милиони долари

Едно од ретките места за паркирање во најлуксузната населба во Хонг Конг е продадено по цена од 1,3 милиони долари, пренесува АФП.

Тоа е едно од неколкуте места за паркирање во населбата наречена Пик во Хонг Конг. Одмаралиштето има поглед кон пристаништето Викторија, а во него се сместени некои од најскапите домови во Азија, пишува порталот 021.rs.

Малку места има во Хонг Конг, како за живеење, така и за паркирање, така што цените се толку високи од тие причини.

Затоа, не треба да биде големо изненадување што паркинг просторот е продаден по толку висока цена, што е исто така светски рекорд кога станува збор за цената на едно паркинг место.

Претходниот рекорд беше исто така во Хонг Конг изнесуваше 980.000 долари, додека во мај, во истата населба беше забележана рекордна цена за изнајмување од 210.000 долари месечно.

Back to top button
Close