Стјуардеса од Балканот откри колку навистина може да се заработи во Дубаи и какви услови имаат вработените


Работата како стјуардеса во една од најпознатите авиокомпании во светот за многумина звучи примамливо, а Хелена Михаиловиќ откри колку навистина може да се заработи во Дубаи и какви услови имаат вработените.

Хелена, која работи како член на кабинскиот персонал во „Емирати“, на социјалните мрежи објаснила дека вработените кои поради работата се преселуваат во Дубаи добиваат обезбедено сместување од авиокомпанијата.

Според неа, најчесто станот се дели со уште едно или две лица, но голема предност е што вработените не плаќаат кирија ниту вообичаени сметки за домување.

„Не плаќате ниту сметки, освен ако самите не си обезбедите интернет или телефонска претплата. Така, платата што ја добивате не ја трошите за стан и сметки“, објаснила таа.

Сепак, постои можност вработените да живеат надвор од сместувањето обезбедено од компанијата. Според Хелена, за тоа треба да исполнуваат еден од трите услови – да имаат сопствен недвижен имот, да стапат во брак или да обезбедат виза за член на семејството.

Оние кои живеат надвор од сместувањето на компанијата добиваат и дополнителен надомест, познат како „live out allowance“, кој е наменет за покривање на трошоците за кирија. За член на кабинскиот персонал кој работи во економска класа, овој додаток, според неа, изнесува околу 1.400 евра.

Хелена открила и колку се движат платите. Заработката зависи од бројот на часови поминати во летање, класата во која работи членот на кабинскиот персонал, како и од дополнителните надоместоци. Вработените добиваат и пари за храна за време на престојувањата меѓу летовите.

Според нејзините зборови, платата во економската класа во „Емирати“ може да достигне од околу 2.800 до 3.000 евра месечно доколку вработениот го оствари максималниот број часови на летање.

Со напредување во бизнис или прва класа се зголемува и заработката.

За оние кои исполнуваат еден од условите за живеење надвор од сместувањето на компанијата и го добиваат дополнителниот надомест, вкупниот месечен износ во економска класа, според Хелена, може да достигне околу 4.400 евра.

Back to top button
Close