Ние гледаме
Од мудрите анализирања за тоа што се случува во Авганистан – без иронија – конечно ми се слоши. Видов на вестите нешто слично на она што се случуваше во Сајгон, потоа на бродовите преполни бегалци, а неодамна и на Балканот и Европа: Еден Љубљански Евреин како бебе преку балконот им беше предаден на соседите, додека неговото семејство беше однесено во Аушвиц, и така преживеа. На аеродромот во Кабул, родителите ги предаваат своите деца на американски војници и секому кој е веќе внатре. Пред тоа, некои млади луѓе што беа фатени на тркалата на авион, паднаа на улиците и градините во подобрите делови на Кабул, по страшната игра на судбината.

Родителите кои стигнале до надворешните граници на аеродромот, до можниот излез и спас оделе пешки, со такси или со своите автомобили. Повеќето од нив не се од зафрлените села каде војната никогаш не престанала па тешко и ретко стигнуваат до аеродромот, а и ретко помислуваат на тоа. Таму се бега преку планините.
Запознав едно дете кое беше испратено да се спаси со собирање пари на целото семејство, слично како предавањето на децата на аеродромот. Кратко одел во училиште додека тоа постоело, потоа како повеќето мажи во семејството, чувал овци. Во далечното планинско село за неколку години биле убиени петнаесет членови на неговото семејство и тогаш одлучиле него, последниот, да му го предадат на светот. Кога го запознав, трета година чекаше да добие статус во Словенија. Пред тоа престојувал во Иран, потоа во Турција и конечно во Грција: во Турција ја скршил раката работејќи тешка работа. Во секоја од тие држави го научил јазикот кој најмногу се зборува, а во Турција научил и англиски. Во Словенија, покрај училиштето, работел тешки физички работи, а во преостанатото време се занимавал со спорт, најдобро му одело трчањето. Бидејќи не можел да остане во Словенија затоа што се сомневале дека е полнолетен, денес повторно е во Грција, додека неговите пријатели сè уште се борат да се врати во Словенија. Наполни 16 години. Кај мене седеше, пиеше кафе и јадеше колачи со дманири што би ги задоволиле етикециите на Босфорските палати. Пред една недела напишав уште една препорака за него.
Овае мој е обид да се спасам преку некоја приказна, лице, нешто кое го знам, што било. Не помага. Ништо не може да ја избрише сликата на родителите кои на непознатиот му ги даваат своите деца обврзувајќи го со поглед, со рака, со солза.
Претпоставувам дека се средна класа, дека ќе се помират, ќе се согласат, дека ќе поднесат што и да се случува. Претпоставувам дека некои ќе се бунат, некои ќе се борат, како во Кабул, така и во планините. Можеби на детето има некакво известување за името и родителите, а можеби за давањето на детето е одлучено во моментот. Можеби новата власт ќе ги одржи ветувањата, а можеби и не во оној момент кога на победниците тоа веќе нема да им е потребно.
Очајјата одлука доаѓа од искуството, од бројот на жртвите во семејството, од сеќавањата, од приказните на другите. Веројатоно затоа ме излудуваат мудрите анализи: воените и колонијални грешки, неспоснобноста на домашните елити, непочитување и незнаење на реалноста, финансиски околности, одгледувањето на опиум. Уште кога ќе слушнам под „Хиндикуш“…Потоа европското, американското и НАТО ценкањето за тоа колку ќе ги земат, па заплашување, па згрозување, па ужаснување.
После сè, во Авганистан родители ги даваат децата било кому кој може да ги извади од земјата.
А ние гледаме.
Извор: pescanik.net






