Никола Минчев разрешен од функцијата претседател на бугарското Народно собрание

Премиерот Кирил Петков во својот говор му се заблагодари на Минчев за досегашната работа, истакнувајќи дека тој не е разрешен поради својата работа и квалитети, туку нагласи дека е жртва на новоформираната коалиција.

Со 125 гласа „за“ пратениците во бугарското Народно собрание денеска гласаа за разрешување претседателот Никола Минчев. Од вкупно 239 гласови, 125 пратеници гласаа за разрешување на Минчев, 113 беа против, а само еден пратеник беше воздржан.

За разрешување на Минчев гласаа пратениците од ГЕРБ, ДПС, ИТН и „Преродба“.

“Барањето за мое разрешување е со иста позадина како и барањето за гласање за недоверба на Владата следната недела. Во пленарната седница има ново мнозинство“ порача Минчев од говорницата, додавајќи дека според него новоформираното мнозинство не само што не носи промени, туку цврсто ќе го зачува стариот модел на работа.

Тој побара и новиот претседавач на Собранието да работи професионално и објективно.

 

„Во таков парламент е уште подобро да не бидам претседател, бидејќи излезе дека оние кои требаше да бидат „избришани“, сега сакаат истото да ми го направат на мене“ порача Минчев.

Премиерот Кирил Петков во својот говор му се заблагодари на Минчев за досегашната работа, истакнувајќи дека тој не е разрешен поради својата работа и квалитети, туку нагласи дека е жртва на новоформираната коалиција.

„Му благодарам на Никола Минчев за добро завршената работа, тој успеа да го води овој парламент на најдијалошки и најпрофесионален начин што можеше“ истакна Петков

Back to top button
Close