Никола Попоски: Не умирај магаре до зелена трева, на рати

1. Анкетите прецизно ги предвидоа резултатите (особено оние спроведени повеќе месеци претходно).

2. ДИК и МВР (предводени од ВМРО) завршија горе-долу коректна работа за нивно спроведување, што во наши услови не е лесно.

3. Обвинување кон гласачите за исходот е несоодветно и може само да ги влоши резултатите во следни циклуси.

4. Толкување дека доколку не се брои една категорија гласачи, имаме подобар резултат, не е само во судир со унитарниот карактер на државата, туку и го руши идеалот на Илинденците, да не говориме за имиџот кој го создава за нас во очи на исклучените, но и кон странците.

Сега:

5. Дури и да испаднеше како што најавуваа нашите и да добиевме 57 пратеници, формирање Влада ќе беше тешко. На изгубени избори, не е полесно.

Следно:

6. Минимум за тоа дека сме ја сфатиле пораката на гласачите е да се држиме до најавеното пред изборите. Во спротивно, следна рунда може дури и бетер да минеме. Ако и сега некој е изненаден, тогаш никој нема да биде.

7. Веднаш да најавиме дека недвосмислено со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството, отколку да создаваме нереални надежи за да потоа ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив.

Наравоучение:

8. Не умирај магаре до зелена трева, на рати – не е идеална стратегија.

9. Тие што можат да земат учество во одлуки (на ЦК, ИК, ОК, МК, КИМ) легитимно е да нѐ прашаат дали ние воопшто сакаме да се обидеме да победуваме? Што исто не е лесна работа.

Ако одговорот е – не, тогаш е сосем во ред да продолжиме да си тераме со заклучоците.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ

Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ

(колумна за МКД.МК)

 

Back to top button
Close