Николоски: Немаше асфалт на патот Страцин-Крива Паланка, но прв пат се завршува проект на време

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски вечерва за експресниот пат Страцин-Крива Паланка изјави дека немало ставено асфалт и дека имало проблеми со еден од изведувачите и со надзорот.

Николовски во централниот дневник на телевизија „Сител“ рече дека биле наследени огромни проблеми и дека била неизвесна реализацијата на проектот, но дека за шест месеци проектот е спроведен во целост.

– Прв пат се завршува проект на време. Овој пат е на народот и најмалку очекував од СДСМ да расипе таков убав настан. Три столба, односно три работи народот гледа во претходната власт. Прва работа дека ниеден крупен капитален проект СДСМ не успеа да го заврши. Второ, огромна корупција и трето целосна потчинетост на ДУИ, тоа народот гледа кај СДСМ, рече Николоски.

Николоски очекува експресниот пат треба да има значајна улога во развојот на економијата, отворањето на нови фабрики и комуникација со Бугарија.

Николовски  најави наскоро и пуштање во употреба на експресниот пат Градско-Дреново.

Во однос на авиосообраќајот, Николоски најави целосна реконструкција на терминалната зграда на Охридскиот аеродром што треба да се реализира во следните неколку месеци, како и уште четири нови авионски линии од македонските аеродроми.

Back to top button
Close