Нордиската комбинација симната од листата олимписки спортови за Игрите во 2030

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави денеска дека нордиската комбинација е отстранета од листата спортови одобрени за Зимските олимписки игри во 2030 година.
За разлика од нордиската комбинација, паралелниот велеслалом и сноубордингот остануваат на олимписката програма, додека скијањето во слободен стил и синхро9, дисциплина во уметничко лизгање со екипи составени од девет членови се новите спортови кои ќе дебитираат на следните Зимски олимписки игри.
МОК претходно објави дека скијачкото планинарење ќе остане на олимписката програмата по неговото успешно деби на Игрите Милано-Кортина во 2026 година.
„Овие промени ја одразуваат нашата посветеност да обезбедиме родова еднаквост, а олимписката програма да продолжи да се развива и да остане релевантна за идните генерации спортисти и навивачи“, се наведува во соопштението на МОК.
Зад одлуката на МОК да ја симне нордиската комбинација од олимписката програма стои малата телевизиска публика и ограничен број земји учеснички.
Машката нордиска комбинација беше на програмата на Зимските олимписки игри уште од првото издание во 1924 година во Шамони






