Норвешка ги засилува мерките за заштита на своите енергетски ресурси од можни руски напади


Шефот на норвешката надворешна разузнавачка служба смета дека е веројатно Русија да се обиде да саботира енергетска инфраструктура на Норвешка, како нафтоводи и гасоводи, поради растечката конфронтација меѓу Москва и Западот.

„Ризикот е зголемен,“ изјави вицеадмиралот Нилс Андреас Стенсоенес. Според него, Русија станала похрабра во обидите да се спротивстави на западната поддршка за Украина.

Русија ги отфрла ваквите тврдења како „неосновани“, а руската амбасада во Осло наведе дека изјавите се „измислени“ за да се оправда конфронтацијата со Москва.

Back to top button
Close