Норвешка невладина организација го прекина деминирањето во 13 земји по замрзнувањето на американската помош
Норвешка хуманитарна група ги прекина активностите за чистење мини во 13 земји по замрзнувањето на американската странска помош.
Минатата година Норвешка доби 41 милион долари од американските власти за поддршка на нејзините активности за деминирање низ светот.
„Во петокот ни беше кажано дека мораме да ги запреме сите активности што добија американска поддршка додека американските власти ја прегледаат нивната помош“, изјави Аксел Стин-Нилсен, директор за хуманитарна акција против мини и разоружување во невладината организација.
Според внатрешен меморандум, новоименуваниот американски државен секретар Марко Рубио минатата недела наредил американската странска помош, со исклучок на онаа што им се дава на Египет и Израел, да биде замрзната додека се врши ревизија.
Замрзнувањето, кое произлегува од наредбата потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, ќе влијае на активностите на Норвешката народна помош во 13 земји во југоисточна Азија, Блискиот Исток и Африка.
„Ова е особено лоша вест за земјите како Ирак и Лаос“, рече Стин-Нилсен.
Тој изрази надеж дека американската администрација ќе го изврши својот преглед што е можно поскоро за да можат брзо да продолжат со нивната спасувачка работа6