Нов протест против „Хамас“ во Газа
Стотици луѓе денеска излегоа на протест во градот Газа, скандирајќи пароли против „Хамас“.
Демонстрацијата се одржа еден ден по сличен протест во Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа.
„Надвор, надвор, ‘Хамас’ надвор!“, извикуваа демонстрантите собрани околу палестинско знаме кое го развеа еден од нив.
Јавните протести против „Хамас“ се реткост, нагласуваат американски медиуми. Исламистичкото движење со години ја задушуваше опозицијата и управува со палестинската енклава во услови на војна со Израел.
Во минатото, „Хамас“ одговараше насилно на протестите. Овојпат, меѓутоа, не беа забележани директни интервенции