Нова афера со нелегално обложување во Италија, вклучени најмалку 12 фудбалери
Повеќе од десет фудбалери во италијанското национално првенство се под истрага за нелегално обложување во неколку различни спортови, вклучително и фудбал, јавија денеска локалните медиуми.
Истрагата вклучува нелегално обложување до 2023 година.
Вклучени се и двајца фудбалери кои веќе одлежаа казни за претходниот скандал со обложувалниците, а тоа се Италијанците Сандро Тонали и Николо Фаџоли, додаде полицијата.
Меѓу другите вклучени играчи се Вестон Мекени од Јувентус, уште еден играч на Фиорентина, Николо Заниоло, членот на Аталанта, Раул Беланова, како и Аргентинецот Анхел Ди Марија, кој сега настапува за Бенфика.
Фудбалерите се под истрага за обложување на нелегални платформи за обложување и покер, како и за нивно рекламирање меѓу други фудбалери.
Полицијата, исто така, објави дека, покрај обложувањето на нелегални платформи, Фаџоли и Тонали наводно дејствувале како „собирачи на облози“ и биле „наградени со бонуси на нивните сметки за игри“ и „со отпишување на претходни долгови“.
Останатите инволвирани во аферата се под истрага исклучиво поради нелегални облози. Ги има вкупно 20, а меѓу нив