Нова размена на оган меѓу Пакистан и Индија

Пакистанскиот премиер вети одмазда по смртоносниот индиски ракетен напад, велејќи дека Индија „сега ќе мора да ја плати цената“ за својата „очигледна грешка“.

Во телевизиско обраќање на државната телевизија ПТВ вчера, Шехбаз Шариф го коментираше нападот врз пакистанската покраина Пенџаб и делови од Кашмир, кој е под пакистанска администрација.

„За очигледната грешка што ја направи Индија, сега ќе мора да ја платат цената. Можеби мислеа дека ќе се повлечеме, но заборавија дека ова е нација на храбри луѓе“, рече тој.

Индија тврди дека погодила „терористичка инфраструктура“ на девет локации во Пакистан за време на нападот. Индискиот министер за одбрана нагласи дека нема загинати цивили.

Пакистан соопшти дека кинеските борбени авиони биле употребени како одговор на индиските воени напади и дека Пекинг бил целосно информиран за нивните дејства.

Две беспилотни летала беа соборени денес над пакистанскиот град Лахор, изјави за Си-Ен-Ен полициски службеник кој побара анонимност. Изворот не кажа за каков вид дронови станува збор, ниту од каде доаѓаат.

Лахор се наоѓа на 21 километар од индиската граница и има население од околу 13 милиони луѓе.

 

Back to top button
Close