Нова студија: Колку подолго се образувате, побавно ќе стареете и подолго ќе живеете

Подолг oбразовен процес исто така значи дека имате поголема веројатност да живеете подолго поради помало трошење на клетките. Барем така сугерира новата анализа на податоци со примерок од 3.101 лице низ дури три генерации, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

Генерално зборувајќи, повеќе години образование значи подолг живот, но научниците сè уште се обидуваат да откријат зошто. Затоа, експертите од САД, Норвешка и Велика Британија сакале поблиску да ја разгледаат врската помеѓу образованието и здравјето.

Иако е општо прифатено дека, како општо правило, подобрите квалификации значат подобри работни места и повеќе пари – што пак, за возврат значи подобар пристап до здравствената заштита и можностите за поздрав живот – ова ново истражување сугерира дека на клеточно ниво, нашите тела веројатно стареат побавно ако повеќе време поминуваме во училиште.

– Веќе долго време знаеме дека луѓето со повисоко ниво на образование обично живеат подолго. Но, постојат низа предизвици во откривањето како се случува ова и, што е критично, дали интервенциите за промовирање на образовните достигнувања ќе придонесат за здрава долговечност – рекол епидемиологот Даниел Белски од Универзитетот Колумбија за „Саенс алерт“.

Дополнителни две години школување во просек е два до три отсто побавно стареење, покажала анализата. Податоците се земени од „Фрeмингaм харт стади“ (Framingham Heart Study), истражувачки проект кој ги следел податоците собрани од 1948 година до денес, а се однесуваат на поголема група луѓе, нивните деца и внуци

Back to top button
Close