Новата сириска влада во разговори со САД и Турција
Шефот на турската дипломатија денеска разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за потребата од соработка со новата сириска администрација со цел уредно да се заврши периодот на транзиција, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Во телефонски разговор, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, исто така, му рекол на Блинкен дека Анкара нема да дозволи курдската милитантна група ЈПГ да ја користи Сирија како засолниште, извести портпаролот на Министерството. САД и другите западни земји ја поддржуваат ЈПГ, додека Турција ја смета за терористичка организација.
„Блинкен, за време на разговорот, ја нагласи потребата да се поддржи политичкиот процес предводен од Сирија, кој ги поддржува човековите права и дава приоритет на инклузивна и репрезентативна влада“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Блинкен и Фидан разговарале и за мерките за зајакнување на турската и сириската безбедност против тероризмот, се додава во соопштението. (Фокус)