Нови 344 случаи на ковид. Починале девет лица

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа направени се 4.926 тестирања, а регистрирани се 344 нови случаи на Ковид-19:

  • Скопје – 143
  • Велес – 33
  • Куманово – 27
  • Штип – 19
  • Струмица – 15
  • Битола – 13
  • Прилеп и Кочани – по 12
  • Охрид – 9
  • Кавадарци – 7
  • Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 6
  • Македонска Каменица – 5
  • Радовиш, Виница и Крушево – по 4
  • Гостивар, Струга и Гевгелија – по 3
  • Кичево, Пробиштип и Богданци – по 2
  • Неготино, Свети Николе, Берово и Демир Хисар – по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 6 починати лица од Скопје (41г, 57г, 68г, 79г, 80г и 85г), по едно починато лице од Кавадарци(87г), Охрид (80г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Back to top button
Close