Нови пет бродови со жито испловија од украинските пристаништа

Уште пет бродови со жито испловија утрово од украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана, јави Анадолија.

Турција, Обединетите Нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море. Тие беа блокирани поради војната во Украина.

Во Истанбул е воспоставен Заеднички координативен центар со официјални лица од трите земји и од ОН, кои ги надгледуваат испораките.

Back to top button
Close