Нови „Реј-бан“ паметни очила на Фејсбук

Компанијата Фејсбук ги пушти во продажба новите паметни очила „Реј-бан сторис“ (Ray-Ban Stories). Тие се развиени во соработка со „Есилорлуксотик“ и „Реј-бан“, соопшти нивната официјална интернет-страница.

Паметните очила овозможуваат фотографирање и снимање видеа, споделување датотеки, слушање музика и повици. Цената е 299 долари и достапни се во 20 различни дизајни. Засега можат да се купат во САД, Австралија, Канада, Ирска, Италија и Велика Британија.

Очилата, инаку, имаат две камери со резолуција од пет мегапиксели, како и три микрофони и звучник. Синхронизацијата со новата специјална апликација „Facebook View“ овозможува испраќање снимки од очилата до социјалните мрежи и инстантни пораки, како и зачувување на телефонот.

Со ЛЕД-светлото за снимање, луѓето околу знаат кога корисникот фотографира или снима видео.

Паметните очила „Реј-бан“ се првиот производ од партнерството на Фејсбук и „Есилорлуксотик“

Back to top button
Close