Ново судење за убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судскиот процес за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Првообвинет во случајот е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Случајот се наоѓа во фазата на доказна постапка, а на денешното рочиште се очекува изведување на нови докази предложени од Обвинителството.

На претходното рочиште, закажано за 27 јануари, Љупчо Палевски поднесе барање за изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото Обвинителство во Скопје, тврдејќи дека истрагата била несоодветно спроведена. Поради тоа, судењето беше одложено и продолжува денеска.

Досега во постапката, обвинителката Жаклина Крстевска презентираше видеоматеријали од безбедносните камери во рамки на системот „Сејф сити“. Овие снимки биле добиени преку анализа на движењето на регистарските таблички на автомобилите „Цитроен“ и „Рено Кангу“ во клучниот период – на 27 ноември 2023 година, како и неколку дена пред киднапирањето на девојчето.

Еден од клучните сведоци во случајот, Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања Ѓорчевска собирал и анализирал видеоснимки од околните безбедносни камери, досега беше недостапен за истражните органи поради друго кривично дело. Сепак, неодамна самиот се пријавил во полициска станица, што може да има значително влијание врз текот на судењето.

Во досегашниот тек на процесот, Обвинителството пред Судот образложи 180 од вкупно 197 докази. Тие вклучуваат информации за локациите каде што биле пронајдени жртвите, резултатите од увидите на истражните органи, пронајдените траги, обдукциските наоди, како и извештаите од психијатриските вештачења

Back to top button
Close