Нутриционистка открива три намирници кои се здрави за срцето
Постојат многу ефикасни начини за зачувување на здравјето на срцето и намалување на ризикот од срцеви заболувања, а правилната исхрана е една од најважните. Важно да се избегнува храна која ја блокира артериите, а добрата вест е дека постојат и многу вкусни опции кои се корисни за срцето. Нутриционистката Крутка Нанавати истакнала три одлични опции.
Јаткасти плодови
Кога станува збор за здрави закуски, орашестите плодови се одличен избор, особено ако здравјето на срцето ни е приоритет. “Јаткастите плодови се еден од моите омилени здрави закуски за срцето. Тие се богати со здрави масти, влакна и магнезиум, кои помагаат во намалувањето на лошиот холестерол и зголемувањето на добриот холестерол. Оревите се особено истакнати бидејќи содржат и омега-3 масни киселини”, истакнала Нанавати за SheFinds.
Таа препорачува 100 грама јаткасти плодови како закуска или додавање сецкани бадеми или пистачи во оброците, како што се овесни снегулки и јогурт.
Бобести плодови
Бобестото овошје има многу придобивки за целото тело, вклучувајќи го и срцето. Тоа се одликува со висок удел на антиоксиданси кои играат клучна улога во заштитата на крвните садови и намалувањето на крвниот притисок, два важни фактори во превенцијата на срцеви заболувања.
“Бобестото овошје е неверојатно за здравјето на срцето и постојано го препорачувам бидејќи лесно се вклопува во исхраната”, вели нутриционистката. Таа предлажа додавање бобести плодови во здрави смуди и житарици, а исто така можат да се јадат и како закуска.
Зеленчук
“Зеленчук како спанаќ и кељ се вистински шампиони на здравјето на срцето. Овој зеленчук е богат со калиум кој помага во регулирање на крвниот притисок и нитрати кои ја подобруваат циркулацијата”, објаснува Нанавати.
Овие хранливи состојки се клучни за здраво срце и превенција на заболувања. Нутриционистката препорачува додавање спанаќ во смуди, кељ во супи или пржење на блитва со лук и маслиново масло. “Ова е едноставен начин за внесување голема количина хранливи состојки”, заклучила таа.(Трн)