Обид за изнуда на пари од семејството на исчезнатата Лидија: Нови детали за случајот кој ја вознемири јавноста

Семејството на Лидија Трајковска (43) од Скопје, од вчера наутро живее во агонија, откако младата жена, која е сопруга и мајка, излегла од дома околу пет часот наутро, и и се губи траг.

Случајот е пријавен во полиција, а фотографијата на Лидија се објави во речиси сите медиуми и на социјалните мрежи, со цел ако некој ја забележи, веднаш да го информира семејството или полицијата.

Ќерката на Лидија, Мартина, за ,,Фокус” вели дека ноќта ја минале будни, барајќи ја нивната мајка, односно сопруга, и добиле неколку повици од граѓани, кои им јавиле дека наводно ја забележале, но всушност се работело за други жени, односно луѓето се препознале.

-Преку whatsapp добивме порака, ни бараа првин да уплатиме 500 евра на трансакциска сметка, а потоа откако наводно ќе ни кажеле што знаат за мајка ми, да сме уплателе уште 500 евра. Веднаш пријавивме во полиција.
Според последните информации, лицето кое се обиде да изнуди пари е идентификувано и не е некој кого ние го познаваме.
Ужасно е да се користи ова кое нас не снајде, како начин да се дојде до пари! Никаква емпатија, никаква човечност!

Повеќе

Back to top button
Close