Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. 

Back to top button
Close