Образование што ги подготвува вашите средношколци за успешна академска и професионална кариера

Секој родител сонува нивното дете да има успешен академски и професионален пат, но за жал, многу малку училишта нудат вистинска подготвеност за предизвиците што следуваат по завршувањето на средното образование. NU Колеџот за средношколци го нуди токму тоа – нови и иновативни образовни програми кои имаат за цел да го трансформира средношколското образование со уникатен пристап кој комбинира практична работа и менторство. Овие практични програми се предвидени како воншколска активност со две интерактивни работилници неделно, а во вкупно времетраење од шест месеци.

 

Но, како NU Колеџ ќе го подготви моето дете за факултет и работа?

Креиран од едукативно-технолошкиот центар „Бреинстер“, NU Колеџот се издвојува по тоа што секој од учениците ќе има можност да работи на реални проекти за вистински компании, под водство на експерти од својата област. Овој модел на учење е базиран на „креирај, па учи“ принципот, каде средношколците учат со создавање, соочувајќи се со вистински професионални предизвици. Благодарение на ваквиот пристап, учениците ќе ја искусат реалната динамика на пазарот уште од средношколските денови и ќе стекнат вештини кои се клучни за нивната идна кариера.

„The NU way“ на учење кое се базира на принципот на работа

Преку внимателно дизајнирани програми кои се насочени кон стекнување на применливи вештини, учениците не само што ќе бидат подготвени за факултет, туку и за реалниот пазар на труд, за разлика од традиционалното образование кое често е насочено кон теоретско знаење.

Оваа уникатна методологија ќе ги опреми учениците со критички вештини, како што се решавање проблеми, работа во тим, и ефективна комуникација. Ова практично претставува „ нов начин на учење” кој ќе им овозможи на средношколците да се истакнат како лидери во идните академски и професионални опкружувања.

Какви програми се достапни на NU Колеџот?

NU е единствениот колеџ на кој средношколците стануваат претприемачи, дизајнери, програмери и инфлуенсери, и тоа преку 80% работа на реални проекти во доменот на веб програмирање, графички дизајн и инфлуенсер маркетинг.

Учениците низ програмата за Веб програмирање ќе го совладаат креирањето на веб-апликации од почеток до крај преку основите на front-end и back-end технологии. На крајот на програмата, тие ќе можат да создадат интерактивни и функционални дигитални платформи што се користат во реалниот свет и да ги претворат своите идеи во профитабилни проекти.

Програмата за Графички дизајн нуди темелно запознавање со принципите на дизајн и визуелна комуникација, користејќи ги најсовремените креативни алатки и софтвери. Преку работата на реални проекти за реални клиенти, на крајот од програмата учениците ќе знаат како да креираат разновидни визуелни решенија за различни примени како логоа, постери, флаери, брошури, дизајни за социјални мрежи, но и целосни бренд идентитети, со што ќе бидат подготвени да работат на професионални проекти или во креативни тимови.

Инфлуенсер маркетинг програмата ќе ги води учениците низ процесот на градење на личен бренд и ефективно управување со дигиталната комуникација. Тие ќе научат како професионално да ги употребуваат социјалните медиуми, да пишуваат привлечна и автентична содржина, да градат односи со својата публика и брендовите, но и да ги користат аналитиките за да ја оптимизираат својата стратегија и постигнат долгорочен успех и заработка.

Сите програми се темелат на напредни AI алатки кои ги насочуваат учениците кон унапредување на нивните знаења и способности, но и стекнување вештини што ќе ги направат конкуренти на глобалниот пазар.

Како вештачката интелигенција (AI) ќе му користи на моето дете?

Веројатно вашето дете, а можеби и вие, веќе сте експериментирале со вештачката интелигенција (AI). Но, важно е да знаеме дека денешните алатки базирани на AI не се само нешто што е „ин“, туку се суштински елементи што ќе им помогнат на средношколците да го развијат својот потенцијал. Нивната примена на NU Колеџот е замислена да ги насочи учениците како успешно да ги користат овие алатки во своја полза. Само за неколку недели, тие ќе ги развијат потребните вештини кои се потребни за да се примени вештачката интелигенција во секојдневните задачи – од креативни проекти до анализа и решавање на комплексни предизвици, подготвени да ја искористат оваа технологија како вистинска предност за иднината.

 

Нема наставници, само ментори

Заборавете на строгите наставници, писмените задачи, тестови и испрашувања. На NU Колеџот, учениците учат од ментори – искусни професионалци кои на забавен начин го прават учењето интерактивно, динамично и блиску до реалниот свет. Менторите се тука за да ги насочат младите во развивањето на нивните таленти и интереси и да им покажат како да ги решат предизвиците што ќе ги сретнат во иднина. Со поддршката од ментори, учениците градат самодоверба, стекнуваат практични знаења и се подготвуваат да ги надминат академските и професионалните цели што ги очекуваат.

Звучи интересно, за вас и вашето дете?

Тогаш, не чекајте! Местата се ограничени на 150 ученици, па доколку ова е иднината што ја посакувате за вашето дете, осигурете се дека ќе биде дел од првата генерација на NU Колеџот. Закажете инфо средба или пријавете се за листата на чекање на веб-страницата на NU Колеџот.

пр

Back to top button
Close