Од Ковид-19 почина Диџеј Ицко

Колегите и пријатели на Диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“ сабајлево почнаа да објавуваат фотографии и пораки со кои се простуваат од диџејот и љубител на музиката кој имаше 48 години. Подолго време боледувал од Ковид-19.

Диџеј Ицко на клупската сцена во Македонија ѝ е познат веќе повеќе 15 години.

Веќе 10 години беше дел од најголемата радио станица во Македониа. Се смета за легенда одговорна во најголем дел од развојот на електронската сцена во Македонија на највисоко ниво, а неговите емисии на радио се добро познати и надвор од Македонија.

Покрај диџејството, тој беше и фамилијарен човек, сопруг и татко на две деца.

Back to top button
Close