Од Ковид почина Зафир Хаџиманов

На 77 години, во Белград , почина Зафир Хаџиманов, филмски актер, пејач и композитор.

Хаџиманов, кој е роден во Кавадарци, речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Зад себе, Васил Хаџиманов оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни. Автор е на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Исто така, тој играл главни улоги во неколку филмови, како, на пример, „Македонска крвава свадба“. Носител на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година.

Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ . Во 2007 година, Зафир Хаџиманов бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

Back to top button
Close