Од почетокот на израелските напади во Појасот Газа, убиени 26.422 Палестинци

Во израелските напади во изминатите 24 часа, уште најмалку 165 Палестинци загинаа, а 290 луѓе беа ранети во блокираниот Појас Газа, со што бројот на убиени од почетокот на војната на Израел против Хамас се зголеми на 26.422, а бројот на ранети на 65.087 лица.

Министерството за здравство во Појасот Газа објави дека поради продолжување на израелските напади, екипите за итна помош и цивилна заштита не можат да вршат операции за пребарување и спасување. Се верува дека под урнатините има уште голем број починати, што укажува дека вистинскиот смртен биланс е многу поголем

Back to top button
Close