Од Широк сокак украдени 28 часовници вредни 9 000 евра

Непознато лице во продавница за часовници и накит на улица Широк сокак во Битола со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и од изложната витрина украл 28 машки часовници во вредност од 575 илјади денари (околу 9 300 денари).

Случајот, како што соопшти МВР, бил пријавен вчера во 5 часот изутрината.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор:360 степени

Back to top button
Close