Одлучувачки часови за потрагата по исчезната подморница

Потрагата по исчезната подморница на компанијата „Оушнгејт експедишнс“, која исчезна во водите на Атлантикот, влегува во одлучувачка фаза со оглед дека остануваат неколку часови со кислородот за патниците и екипажот.

Американската крајбрежна страна процени дека кислород би можело да снема околу 7:318 часот по источно американско време или 13:18 часот по средновредноевропско време.

Спасувачките екипи велат дека мора да останат оптимисти и со надеж. Десет дополнителни бродови и неколку подморници се приклучија во потрагата, но неизвесно е дали ќе има резултати во наредните неколку часа.

„Да бидам искрен со вас, не знаеме каде е“рече капетанот што ја води потрагата, пренесува „Би-би-си“.

Вчера имаше знаци на надеж со оглед дека американските и канадските екипи слушаа звуци, но по неколку часа Американската крајбрежна стража објава дека не успеале да го идентификуваат изворот на звуците.

Back to top button
Close