„Огнените“ од денеска фракција во ДУИ, разликите остануваат.

„Огнените“ не ги надмнаа разликите со како штп ги викаат „Артанистите“ и на денешната седница на централното председателство на партијата во седиштето на ДУИ во Мала Речица. По состанокот Блерим Беџети придружуван од истомислениците од огнените, Изет Меџити, Муса Џафери, и уште неколкумина на новинарите кои го чекаа исходот од состанокот им рече дека не успеале да ги наадминат разликите со сопартијците од ДУИ и објави дека и официјално тие ке бидат фракција во партијата. Ние не се согласуваме со министрите од ДУИ кои ги имаат узурпирано позициите,не се согласуваме со нивното работење и нивните ставови рече Беџети и најави дека Огнените како фракција ке имаат свои ставови и размислувања кои ке бидат јавни. Дај боже да ни се поклопуваат ставовите но сега разликите и нашето несогласување со нив и нивната работа се големи,рече Беџети.

Back to top button
Close