„Охрид ЅОЅ“: Покривот на хотелот „Десарет“ само што не паднал, а најчестите гости се деца
Деновиве жители на Пештани до активистите на Граѓанската иницијатива Охрид SOS, приложиле фотографиите „со цел да постигнеме правно решавање на случајот и постапување по издадено решение без да се штитат поединци.“ Се работи за објектот на хотелот „Десарет“.

Причината за реакција на жителите е кровот над салата за ручек, мензата, ресторантскиот дел, кој е пред распаѓање што претстaвува потенцијална опасност по животите на гостите (кои често се деца). По пријавата до општина Охрид уште минатата година, овластен градежен инспектор излегол на терен, направен е записник и во тој записник е дадено задолжение да се санира кровот до 30.4 2026 година т.е до почеток на сезоната и приемот на први гости, објаснуваат од SOS Охрид.
По ова решение не е постапено и револтот на жителите е што за првомајските празници хотелот имал полн капацитет. По дополнителната пријава одговорот бил дека не можело да се најде изведувач и затоа кровот не е саниран. Во повторниот допис до општината им било одговорено дека всушност кровот не бил така лошо оштетен, но не им одговориле зошто и после половина година не се постапило по решението издадено од надлежниот инспектор. По ова следувала пријава до Државен градежен инспекторат за несовесно работење на службеничката и штитење интереси на сопствениците на хотелот.
Хотелот „Десарет“ е проектиран од охридскиот архитект Пантелеј Митков во 1973 година и претставува дел од современото архитектонско наследство на Охридскиот Регион, кое нема соодветна заштита и однос од државата и надлежните институции. Пред неколку години уникатниот објект на ресторан „Парк“ дело на уште еден познат и наградуван охридски архитект беше демолирано преку ноќ за време на полициски час во услови на пандемија, иако претходно побаравме од институциите негова привремена заштита.






