Охридска банка до 30 септември врши замена на картичките на своите клиенти

Охридска банка АД Скопје врши замена на платежните картички на своите  клиенти, физички и правни лица. Замената ќе се одвивадо 30-ти овој месец, а банката ќе ги замени со логото на матичната групација  Штаермеркише Шпаркасе.

Новите картички се подготвени за употреба веднаш, односно без дополнителни барања за
активација на картичката што на корисниците ќе им овозможи непречен пристап до
своите средства за подигнување готовина и домашни и меѓународни електронски плаќања.

Клиентите на Охридска банка кои имаат дебитни картички може да подигнуваат готовина
без провизија на повеќе од 120 банкомати на Охридска банка и на Шпаркасе Банка
Македонија, двете како дел од Штаермеркише Шпаркасе групацијата.

Сите нови дебитни и кредитни картички издадени од Охридска банка освен ново лого, се
одликуваат и со можност за бесконтактни плаќања во трговија за износи до 2.000 денари.

Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти независно од периодот на важност
на нивната стара картичка, по добиеното известување од страна на Банката во најбрз
временски период, најдоцна до 30 септември 2020, да ги подигнат своите нови платежни
картички. Доколку клиентите не ги подигнат картичките, Банката ќе го ограничи правото
на користење на картичките кои нема да бидат навремено заменети.

Back to top button
Close