Јокиќ ги возбуди навивачите со неговиот стајлинг – се појави како „Џокер“
Никола Јокиќ можеби немаше своја вечер на теренот, но надвор од него покажа сериозна класа.
Судејќи по реакциите, Јокиќ покажа и добар смисол за хумор, а сето тоа поради стилот со кој се појави на третиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција против Оклахома.
На теренот се мачеше, особено со шутот од игра и изгубените топки, но со помош на соиграчите успеа да извојува победа во продолженијата, па Денвер сега има предност од 2:1 во серијата.
Кон видео: x.com