Ѓоковиќ: Се надевам ќе успеам да освојам барем еден медал

 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изрази надеж оти ќе успее да и донесе на својата земја барем еден бронзен медал од Игрите во Токио, откако денеска ги загуби двете полуфиналиња, во поединечна конкуренција и во мешани двојки.

Најдобриот светски тенисер на денешната олимписка програма најпрво остана без пласман во машкото финале, откако загуби од Германецот Александар Зверев, а неколку часови подоцна го загуби и полуфиналниот дуел во мешани двојки со Нина Стојановиќ.

– Се чувствувам ужасно во секоја смисла, нo се надевам дека ќе успеам брзо да се опоравам за да и донесам на мојата земја барем еден медал, изјави Ѓоковиќ.

Во двете конкуренции српскиот тенисер утре ќе се бори за бронзениот медал

Back to top button
Close