ОН: Повеќе од 100 здравствени работници се загинати во Либан од почетокот на израелските напади
Во соопштение од ОН се наведува дека скоро 100 здравствени установи во јужен Либан морале да се затворат поради израелското бомбардирање и копнените операции
Повеќе од 100 медицински лица и работници за итни случаи биле убиени во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах пред една година, соопштуваат од канцеларијата на Обединетите нации за човекови права.
„Севкупно, над 100 медицински и итни работници се убиени ширум Либан од октомври минатата година. Имавме неколку извештаи, исто така, за воздушни напади насочени кон други медицински центри и болничари, како и пожарникари кои се убиени“ рече портпаролката Равина Шамдасани на брифингот на ОН, цитирајќи податоци што таа рече дека се собрани од хуманитарната канцеларија на Обединетите нации.
Портпаролот на Светската здравствена организација Кристијан Линдмајер изјави дека од 17 септември имало 18 напади врз здравствени установи во Либан, при што загинале 72 здравствени работници.
Во соопштение од ОН се наведува дека скоро 100 здравствени установи во јужен Либан морале да се затворат поради израелското бомбардирање и копнените операции, а СЗО вели дека пет болници се нефункционални, а четири во областите кои се соочени со интензивен конфликт, биле принудени да го евакуираат персоналот и критичните пациенти во други болници што веќе се со полн капацитет.
Израел вели дека цели на воените капацитети во Либан и Газа и презема чекори за да го ублажи ризикот од штета врз цивилите. Го обвинува Хезболах, како и Хамас, дека се крие меѓу цивилите, што тие го негираат, пренесува Ројтерс.
Конфликтот избувна кога групата поддржана од Иран отвори оган во поддршка на палестинската милитантна група Хамас на почетокот на војната во Газа.
Конфликтот драматично се засили во последните недели, со тоа што Израел бомбардира делови од Бејрут