Онлајн обложување – Трендови за 2023 година

Една од причините зошто онлајн обложувањето зема земав и ја зголемува популарноста секоја година е фактот што оваа активност постојано се надградува и менува. На овој начин, играчите можат да искусат нешто ново од време на време.

Се разбира, брзиот развој на технологијата придонесува за ваквиот развој на настаните. 2022 година донесе интересни нешта и зголемен број играчи заинтересирани за онлајн обложување. Според многумина, и следната година ќе биде возбудлива во овој поглед. Ќе го искористиме овој текст да ве запознаеме со трендовите во онлајн обложувањето за 2023 година. Еве што може да очекувате:

• Криптовалутите ќе бидат прифатени уште повеќе

• Фокус на електронските спортови

• Надградба на обложувањето во живо

• Подобрени бонуси и промоции

За повеќе детали продолжете подолу.

Уште повеќе ќе се користат криптовалути

Криптовалутите постојат уште од 2009 година кога Биткоин им стана достапен на илјадници луѓе ширум светот. Денес, Биткоин е најпопуларна криптовалута, но постојат уште десетици други. Се разбира, нивната популарност е далеку поголема отколку пред неколку години, па затоа не е изненадувачки што се зголемува бројот на онлајн кладилници кои прифаќаат Биткоин, Етереум, Тетер, Лајткоин, Доџкоин, и други криптовалути како платежни средства.

Во 2023 година може да очекуваме зголемен број на сајтови за обложување кои ќе работат исклучиво со крипто. По се изгледа дека многу обложувалници кои се во фаза на создавање ги сфатија предностите од ваквото работење. Со криптовалутите нема потреба од плаќање провизии на банките или системите за електронски трансфер на пари како Пејпал или Скрил. Дополнително, овие трансфери се брзи и се завршуваат за не повеќе од еден час без разлика дали играчот го надополнува својот кориснички паричник или повлекува средства кои ги заработил. Работењето со крипто е корисно и за обложувалницата како и за играчите.

Се разбира, очекуваме да се зголеми и бројот на постоечки сајтови за обложување кои ќе ги прифатат криптовалутите како дополнување на веќе постоечките начини на плаќање и повлекување средства.

Обложувањето на електронски спортови ќе стане уште популарно

Традиционалните спортови како фудбал, кошарка, тенис и ракомет ќе продолжат да бидат најбарани опции за онлајн обложување, но играчите ќе бараат и повеќе опции за електронски спортови. Дури и во земји како Македонија каде овој вид на спорт е во зачеток се зголемува интересот особено после успехот на нашиот Dota 2 играч Saksa.

Очекуваме 2023 да донесе дополнителни игри кои ќе бидат прифатени како е-спортови за обложување. Overwatch, Dota 2, Fortnite, League of Legends, FIFA, и Counter-Strike: Global Offensive досега доминираа во ова поле. Истото се однесува и на бројот на видови на облози. Ако во минатото можевме да се обложуваме само на крајниот победник на еден турнир или меч, сега ќе имаме опции кои ќе ни овозможат да се кладиме на перформансите на индивидуалните играчи.

Повеќе опции за онлајн обложување во живо

Обложувањето во живо е уште една причина зошто се повеќе играчи се префрлуваат од традиционално обложување на интернет. Се разбира, и во физичка обложувалница може да ставате облози откако натпреварот ќе почне, но онлајн сето тоа се одвива многу побрзо и без задоцнувања.

Она што ќе ја одведе целата игра на ново ниво во иднина се зголемениот број на опции за онлајн обложување во живо. Се повеќе сајтови експериментираат во овој правец. На пример, откако ќе започне натпреварот и еден од играчите во тимот почнува да се истакнува, тие додаваат облози фокусирани на тој играч (колку голови ќе постигне, дали ќе добие жолт картон и тн.).

Што се однесува до овој вид на активност, за очекување е да добиеме поквалитетни стримови и пристап до поголем број натпреварувања. Според некои извори, можно е некои обложувалници да добијат ексклузивни права за стримање на одредени лиги, турнири, или натпревари.

Поголеми бонуси

Оние што веќе имаат искуство со онлајн обложување се запознаени со тендецијата на зголемување на бонусите во вредност и број. Постојат стотици активни места за обложувањена интернет, а нивниот број се зголемува со уште десетици нови секоја година.

Еден од начините на кој овие сајтови привлекуваат внимание е со помош на бонусите за нови играчи. Ова е добра вест за сите кои планираат да се регистрираат на нови сајтови бидејќи нивните први депозити можат да бидат зголемени неколкукратно.

Се разбира, не само новите обложувалници ќе го следат овој тренд. Сепак, етаблираните сајтови веројатно ќе обрнат повеќе внимание на постоечките корисници со цел да ги задржат кај себе. Таквите играчи можат да очекуваат ексклузивни бонус за системи (врзани облози), бонуси за обложување во живо, награди во вид на бесплатни облози од време на време за најактивните играчи, ВИП програми и така натака.

 

Back to top button
Close