Џонсон: Путин го мисли за Украина истото што и Милошевиќ за Косово

Поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, во интервју за „Скај њуз“ го спореди рускиот претседател Владимир Путин со поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Овој заклучок Џонсон го изнесува врз основа на есеј што Путин го пишувал за Украина, а го читале во британската влада, при што оцени дека рускиот претседател направил катастрофална грешка.

„Мислам дека Путин катастрофално погреши. Ние во британската влада го прочитавме неговиот есеј за Украина од минатата година. Тој фундаментално погрешил за тоа што е Украина. Беше како да го читате Слободан Милошевиќ на тема за Косово. Слободан мислеше дека Косово е интегрален ден од голема Србија и духовен дом на српската нација. Мислам дека така размислува Путин за Киев и потеклото на православната вера. И тоа е целосна грешка. Украина е слободна и независна европска култура со свој идентитет, амбиции, судбина и тој (Путин) направи фундаментална грешка“ вели Џонсон во ексклузивното интервју за „Скај њуз“.

Зборувајќи на тема за војната во Украина, поранешниот британски премиер кажа и дека не мисли оти Путин ќе употреби нуклеарно оружје.

„Мислам дека нема да го направи тоа. Би бил луд да го направи тоа… Таков чин би значел дека Русија во истата секунда се повлекува од клубот цивилизирани земји. Тоа би била целосна катастрофа за Русија, чија економија веднаш потоа би била замрзната“ рече Џонсон

Back to top button
Close