Џонсон смета дека Путин нема да употреби нуклеарно оружје

epaselect epa10043072 British Prime Minister Boris Johnson attends the second and last day of the NATO Summit at the IFEMA Convention Center, in Madrid, Spain, 30 June 2022. Heads of State and Government from NATO’s member countries and key partners are gathering in Madrid to discuss important issues facing the Alliance and endorse NATO’s new Strategic Concept, the Organization said. Spain is hosting the 2022 NATO Summit coinciding with the 40th anniversary of its accession to NATO. EPA-EFE/SERGIO PEREZ
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во интевјуто за „Скај њуз” изјави дека не мисли оти рускиот претседател Владимир Путин ќе нареди употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина.

Имено, се појавија сугестии дека Путин би можел да нареди таков напад доколку неговите сили во Украина продолжат да се повлекуваат пред украинската контраофанзива и ја загубат претходно освоената територија.

„Мислам дека нема да го направи тоа. Би бил луд да го направи тоа”, изјави Џонсон.

„Таков чин би значел дека Русија во истата секунда се повлекува од клубот цивилизирани земји. Тоа би била целосна катастрофа за Русија, чија економија веднаш потоа би била замрзната”, рече Џонсон за „Скај њуз”.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close