Опожарен мерцедесот на Драган Митковски, најблискиот соработник на Арсовска и другар од детството со Груевски

Синоќа, во текот на ноќта било опожарено возилото на Драги Митковски – Книга, десната рака на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, неофицијално дознава „Фокус“.

Според сознанијата на порталот три часа после полноќ, поточно во 03 часот и пет минути опожарено е возилото на Митковски, „Мерцедес А класа“, кое е во сопственост на Сметководственото биро ММ, чиј управител е токму тој. Во податоците уште е наведено дека на автомобилот мерцедес е изгорен предниот дел од моторот и дел од внатрешноста.

Од пожарот, исто така зафатени се уште две други возила, „Хундаи“ и „Сузуки Свифт“, каде изгореле предниот браник и лев ретровизор.

Од МВР велат дека пожарот делумно зафатил уште две возила.

„На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило ‘мерцедес а класа’ со скопски регистарски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизорот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”,соопштуваат оттаму.

Кој е Драги Книга?

Веќе подолг период вратите на Град Скопје се затворени, а градоначалничката Арсовска постави своја екипа во која има целосна доверба. Поточно, луѓе кои и го штитат грбот. Не остави ништо на случајност, па се што сметаше дека може да и наштети во „работењето“ доби црвен картон.

Драги Митковски со надимак „книга“ познат е од времето кога премиер беше Никола Груевски негов најдобар другар од детството. Како најблизок Драги „книга“ ги користеше привилегиите кои му ги овозможуваше другарот од детството,кој покрај сметководственото биро кое беше во негова сопственост со амин на Груевски влезе во „азното„ со пари во ФФМ. Иако премиер Груевски речиси секоја недела одвојуваше време за фудбал на мали голчиња со Драги и другите другари од детството. Последен бизнис кој Груевски му го довери на Драги пред да падне од власт беше задашата Драги да откупи и фигурира како сопственик на мрежа локални тв станици во пресрет на парламентарните избори во 2016 на кои ја изгуби власта по 11 години.

Инаку за Драги Книга покрај со екс премиерот Груевски повеќе од година ипол е еден од најблиските соработници од сенка на актуелната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска а наводно и на нејзиниот татко.

Тој е и првиот претседател на Комората на сметководители во ССК формирана во 2009 година на негова иницијатива и воедно сопственик на компанијата „Митковски ММ“, која е лоцирана во скопски Ѓорче Петров, каде што живее и семејството Арсовски.

Се шпекулира дека Митковски и Арсовска во меѓувреме ги заладиле односите.

фото фокус 360.мк

Back to top button
Close