Опожарен штаб на ДУИ – Пожар избувнал во хотелот „Арабела

Пожар избувнал во хотелот „Арабела“ во КичевоНа местото излегле полициски службеници од Полициската станица Кичево, соопшти МВР.

Пожар избувнал синоќа во 1.10 часот по полноќ во хотелот „Арабела“ во Кичево, при што била опожарена канцеларијата на ДУИ , каде што беше сместен изборниот штаб на оваа партија.

За огнената стихија бргу е интервенирано од страна на ТППЕ Кичево, од каде добивме информација дека се дејствувало со три возила и шест пожарникари. Пожарот најпрво е локализиран и околу 2 часот и целосно ликвидиран.

Како што соопшти МВР во пожарот нема повредени лица.

Материјалната штета и причините за пожарот допрва  ќе се утврдуваат.

 

 

 

Back to top button
Close