Опозициската паралелна влада на Мјанмар прогласи едностран двонеделен прекин на огнот поради земјотресот

Опозициската паралелна влада на Мјанмар најави едностран двонеделен прекин на борбите против владејачката воена хунта поради силниот земјотрес што завчера ја погоди земјата, јави ДПА.

„Прекинот на сите воени операции“ се однесува на „подрачјата погодени од земјотресот“, напиша владата на национално единство на социјалната мрежа „Икс“. Во текстот се наведува дека може да има исклучоци поврзани со „одбранбените операции“.

Според некои медиуми, набргу по земјотресот, воената хунта продолжила да ги напаѓа бунтовничките групи. Специјалниот известувач на ОН за Мјанмар, Том Ендрјус, ја повика хунтата да ги прекине сите свои воени дејствија.

Според последните податоци, 1.644 луѓе загинаа во земјотресот од 7,7 степени според Рихтеровата скала, 3.408 се повредени.

Back to top button
Close