Oпштина Крива Паланка призна дека истекол цијанид во Крива Река

 

Општина Крива Паланка за утре свика вонредна прес-конференција за медиумите на која ќе признае дека истекол цијанид во Крива Река од рудникот „Тораница-булмак“. Долготрајни последици се очекува да има и по посевите на соседната општина Ранковце,pпишува Фактор

Еко-активистите подолго време вршеа притисок врз локалните власт тоа да го признаат откако на 14 март пукна цевка од флотацискиот дел на еден од најголемите рудници во земјата за олово и цинк и се излеа опасна течност. Алармот се вклучи откако реката доби заматување и сива боја.

„Ве покануваме на прес-конференција на градоначалникот на Општина Крива
Паланка, Сашко Митовски по повод хаваријата т.е.инцидентот со излевање
на опасна течност од рудникот “Тоарница-Булмак“ во водите на Крива Река,
што се случи на 14 март и што предизвика големо заматување и загадување
на водата, како и презентација на пристигнатите анализи од мострите
земени од водите на Крива Река.

Имено, пристигнатите резултатите од анализите, покажуваат аларматно
присутво на тешки метали (олово, арсен, цијанид…) и директна закана по
здравјето на граѓаните, долготрајни последици и штети по земјоделските
поседи, земјоделски и овошни култури во реонот и  на нашата и  на
соседна Општина Ранковце, т.е. Славишко поле“, самошто потврди локалната самоуправа.

Back to top button
Close