Ѓорѓевски: Да се надеваме дека Вселенската патријаршија нема да го проблематизира издавањето на томосот од страна на СПЦ

 

Интригантно е и тоа што српскиот патријарх ни порача да најдеме соодветно име. Значи, не би сакал да се јави проблем околу тоа со кој би станало проблем како да изгледа конечниот текст на томосот што ќе го издаде Вселенската патријаршија. Повторувам, се надевам дека сето ова е координирано и усогласено со Вселенската патријаршија и дека нема да ни се случи застој во добивањето на томосот, вели новинарот Бранко Ѓорѓевски

Денешното давање на томосот за автокефалност на нашата црква од страна на СПЦ може да се поддржи доколку е тоа предвидениот пат до добивање на вистинскиот томос за автокефалност од страна на Вселенската патријаршија. Јас се надевам дека со ова е запознаена и дека се е искоординирано со Вселенската патријаршија. Не би сакал да се случи ситуација во која Вселенската патријаршија би реагирала, би се спротивставила на чинот на издавањето на томосот од една православна црква и би го запрела и закочила процесот на издавање на нејзиниот томос кој е единствено легален и легитимен, порачува долгогодишниот новинар и познавач на црковните прашања, Бранко Ѓорѓевски, коментирајќи го денешното доделување томос за автокефалност од СПЦ за МПЦ-ОА.

„Дилема што ја подгрева неизвесноста е фактот што според договорите кои што ги имале 14-те православни цркви е мајка-црква да може да издава само автономија на црква ќерка, додека Аатокефалност може да издава само Вселенската патријаршија (Тогаш, во периодот од пред Сеправославниот собор на Крит во 2016 година се заговараше и да се воведе принцип на консензус и согласност на сите 14 православни цркви за нова автокефалност но тоа не се усвои како одлука заради бојкотот на Руската православна црква). Изворите во МПЦ-ОА денеска ми рекоа дека ова било предвидена процедура и дека овој томос од Белград ќе биде испратен до сите православни цркви и до Вселенската патријаршија. Односно, дека на крајот треба да се очекува заедничко потпишување на Томосот за автокефалност од страна на Српскиот патријарх и од Вселенскиот патријарх со што нашата Црква ќе стане автокефална“,објаснува Ѓорѓевски.

Тој изрази надеж дека томосот од СПЦ нема да биде проблем за Вселенската патријаршија, потенцирајќи сепак дека е интригантна пораката на српскиот патријарх Профириј македонската православна црква „да си најде соодветно име“.

„Да се надеваме дека ќе биде така и дека Вселенската патријаршија нема да го проблематизира издавањето на томосот од страна на СПЦ. Но, треба и да се види дали за Вселенската патријаршија може да биде спорно она што СПЦ ни го предвидела како правото за јурисдикција врз дијаспората. Интригантно е и тоа што српскиот патријарх ни порача да најдеме соодветно име. Значи, не би сакал да се јави проблем околу тоа со кој би станало проблем како да изгледа конечниот текст на томосот што ќе го издаде Вселенската патријаршија. Повторувам, се надевам дека сето ова е координирано и усогласено со Вселенската патријаршија и дека нема да ни се случи застој во добивањето на томосот. Ако, пак, Вселенската патријаршија го оспори денешниот чин, тогаш ќе влеземе во нова неизвесност врзана за надметнување на Српската православна црква и на Вселенската православна црква околу тоа кој го има правото да изадава томоси за автокефалност на православни цркви. Тоа е прашањето кое веќе со години не може да се реши и не би сакал да ни се случи нова блокада“,нагласува Ѓорѓиевски.

Back to top button
Close