Ора њуз: Дрога се шверцува од Албанија во Италија со беспилотни летала и мали подморници

Албанската телевизија Ора њуз објави детали за трговијата со дрога од Албанија во Италија.

Според дописничката на „Ора њуз“ од Италија, италијанскиот сектор за антинаркотици и Гуардиа ди финанца имаат докази дека дрогата се шверцувала од Албанија во Италија преку беспилотни летала и мали подморници.

– Во извештаите на секторот за борба против мафијата, Гуарда ди финанца и секторот за антинаркотици се наведува дека методите што ги користат криминалните групи и албанската мафија за постигнување на своите цели се софистицирани и модернизирани. Деновиве беше одземено беспилотно летало со далечински управувач, немаше пилот, но имаше специјална програма, доаѓаше од Драч до јужниот брег на Италија, истакна Кепи.

Таа додаде дека шверц со дрога се врши и со подморници, кое, според неа, е „потврдено од прислушувани телефонски разговори според кои трговијата со дрога се организира и со мали подморници“.

Италијанската полиција, по зачестените обиди за шверц на дрога со пловни објекти од албанскиот кон италијанскиот брег, ја зајакнала контолата со т.н. „поморско полициско работење“. Пред два дена кај Лече запленила 300 килограми марихуна и 10 килограми хашиш и упасила двајца албански државјани, кои дрогата ја транспортирале со моторен чамец.

Back to top button
Close