Орбан му честиташе на Вучиќ: Србија нема да запре

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во објава на социјалните мрежи му честиташе на Александар Вучиќ за, како што вели, убедливата победа на изборите.

„Србија нема да запре! Честитки до претседателот Александар Вучиќ и членовите на неговата листа на нивната убедлива изборна победа!“,

 

напиша Орбан на социјалната мрежа Х.

 

Вучиќ синоќа прогласи убедлива победа на листите на Српската напредна партија (СНС) на изборите на сите нивоа.

 

Вучиќ прогласи убедлива победа на изборите во Србија

Покрај Орбан, и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во неделата вечерта им ја честиташе победата на изборите на српскиот претседател Александар Вучиќ и на лидерот на СНС, Милош Вучевиќ.

 

„Им честитам на сите граѓани кои гласаа за напредок и просперитет и во овие предизвикувачки меѓународни околности ја избраа политичката стабилност на Србија“објави Додик на социјалните мрежи

Според првичните изборни резултати и обработени над 50 отсто од гласовите, матичната партија на Вучиќ, СНС, која настапуваше под слоганот „Србија не смее да запре“, освои 47,1 отсто од гласовите. Веднаш зад неа е коалицијата „Србија против насилството“ со освоени 23,1 отсто.

Опозиционерите од „Србија против насилството“ обвинија дека во Белград организирано биле донесени над 40 000 луѓе без легален престој за да ја поддржат листата на СНС што, како што велат, драстично ја променило изборната волја на белграѓани. Побараа поништување на изборите во Белград и повторување на гласањето за градското собрание и најавија протест за денеска во 18 часот.

Back to top button
Close