Ѓорчев го брани Мицкоски од О’Брајан: Интервјуто за 360 со критики било пред “добра“ средба очи во очи

Коментарот на Ѓорчев следи откако О’Брајан, помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, пред два дена во интервју за „360 Степени’ прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени рече дека „ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил“

Изјавата на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан не значи повик да не се гласа за ВМРО-ДПМНЕ, рече вечерва Владимир Ѓорчев, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на Тема на денот на Сител ТВ.

Коментарот на Ѓорчев следи откако О’Брајан, помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, пред два дена во интервју за „360 Степени’ прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени рече дека „ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил“.

Според Ѓорчев, од партиските и политичките лидери во земјава, О’Брајан имал средба единствено со Христијан Мицкоски и неговите соработници, а потенцираше дека средбата поминала добро.

За интервјуто на О’Брајан за „360 Степени, Ѓорчев вели дека било дадено пред да се случи средбата со партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е добар сигнал, дека најголемата политичка партија добива можност да ги артикулира и каже македонските позиции пред американската администрација. Средбата меѓу О’Брајан и Мицкоски поминала добро, интервјуто е дадено пред да биде средбата со делагацијата на ВМРО-ДПМНЕ и најважно е дека имаме понуда, имаме и кадровска и програмска понуда пред македонските граѓани. За неколку месеци од сега, граѓаните на избори ќе кажат што мислат за она што го имаме како понуда. Избирачите и граѓаните се врховниот арбитр“ истакна Ѓорчев

Според него, ВМРО-ДПМНЕ не го сменило ставот откако се сретнале со помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија.

„Ние сме конзистентни во нашите ставови две години наназад. Власта ни вели идниот месец ќе има гласање за уставните измени, па никако да дојдат до бројките. Ставот на ВМРО е конзистентен и поддржан од граѓаните на Македонија. Власта е ставена во тесно, преземаат секакви обврски, а не можат да ги испорачаат. Нашата улога е да ги браниме позициите на Македонија, да зборуваме за Македонија, да градиме пријателства во светот, да се грижеме за себе, зашто ако сам не си помогнеш, никој нема да ти помогне“ посочи тој.

Според него, во моментот важно е Европската Унија да понуди кредибилен процес на проширување, а не дали ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди план како да се почнат преговорите со унијата. Смета дека државите кои сега преговараат, како Србија и Црна Гора се заглавени во прегховарачкиот процес, а Албанија уште не почната со преговори се соочува со вето.

„Ние сакаме да се приклучиме во Европската Унија, но Еу е таа што ќе каже дека е подготовена за прошируваше. Изминативе месеци добиваме најави, но не добиваме нешто конкретно. Ќе го чуваме своето, зашто земји од регионот преговараат 12 години, Албанија доби вето, значи не треба Македонија да си ја продаде куќата за некакво ветување за во иднината. Политиката на неразбрани трговци, на СДСМ и ДУИ на тгување на нешто што ни го оставиле нашите баби и дедовци не доведе Македонија да биде таа што попушта на сметка на македонскиот народ, а ништо не добива, заклучи Ѓорчев.

Симболиката со автомобилот што американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан ја кажа во интервју дадено за „360 Степени“ прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени стана тема на меѓупартиската полемика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев одбегна да искоментира за дополнувањето за средбата од амбасадата на САД вечерта по средбата и по партиското соопштение на ВМРО ДПМНЕ во кое немаше ни збор за разговорот за франнцускиот предлог за уставните измени. Амбасадата на САД преку фб соопшти дека биле потсетени дека измените на уставот требе да се направат за земјата да оди напред кон ЕУ а ВМРО ДПМНЕ да не го кочи процесот.

 

Back to top button
Close