Јордан Мијалков и други членови на семејството повикани на разговор во полиција

– Членови на семејството на Сашо Мијалков, како и неговото обезбедување се повикуваат на информативен разговор, велат за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството го донел Кривичниот суд.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е распиша национална, а побара согласност и за меѓународна потерница за Мијалков.

-Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница, информираа од МВР.

Back to top button
Close