Орлите рано летаат

Задоволството на Али Ахмети што старите орли се вратиле во гнездото е силна метафора која не ги остава рамнодушни Албанците. Алузијата е јасна, тие што го напуштија ДУИ се вратиле дома на последните избори. Кога ќе се спомнат орли се качува адреналиниот до национален вознес кај нашите сограѓани Албанци. Арно ама како што се враќаат старите, така младите орли рано полетуваат и ги напуштаат гнездата. Нивниот прелет брз како стрела е добра Алтернатива, силна Алијанса и цврста Беса.

Да ги оставиме на страна метафорите и орлите да видиме што се случува со стратегијата на шаховската табла со 120 полиња каде 15 пешаци сакаат да ја освојат територијата бранета од артилерија. Никој не мрднал уште ниту еден потег на таблата, сите мислат и калкулираат додека часовникот отчукува. Главните потези ќе се влечат во цајтнот. Засега само партиските демонстратори, аналитичари и новинари ги мрдаат фигурите на телевизиските екрани и социјални мрежи, нудејќи избилство на комбинации на кои можат да позавидат и спортските обложувалници.

Тим кој победува не се менува

Досега имаат примат само две комбинации за стабилна влада која може да опстане четири години и да спроведува тешки реформи кои произлегуваат од преговорите со ЕУ за рамноправно членство. Првата добитна комбинација е тимот кој победува да не се менува, но се засилува со отворени врати за сите кои даваа силна поддршка да се совлада блокадата од соседна Грција и за добри односи со Бугарија. Таа политика  даде историски резултати со членство на Македонија во НАТО и со почеток на преговорите со ЕУ во декември годинава.  Варијанта за стабилна влада  е  СДСМ–Беса-ДУИ-Алијанса-Алтерантива-ДПА. Посакувана, но засега неостварлива. Камен на сопнување се односите Алијанса–Алтернатива-ДУИ. Нешто налик на односите СДСМ – ВМРО ДПМНЕ. Ако се совлада оваа пречка со компромис Македонија ќе има стабилна влада наредните четири години.

Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close