Ослободени шест мигранти кои биле држени во заложништво во Студеничани, приведени седум лица
Мигранти биле на сила држани во објект во скопско Студеничани.
По претходно добиени сознанија, синоќа околу 19.30 часот во објект во с.Студеничани, сопственост на М.Ш.(50), полициски службеници пронашле шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држани во објектот.
„Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш.(25), У.Ш.(26) и А.Ш.(59), тројцата од с.Студеничани, како и Б.Б.(28), А.Б.(55) и А.Б.(32), сите од Скопје.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопшти МВР