Османи му го честита на Хоти изборот за нов премиер на Косово

– Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска имаше телефонски разговор со новоизбраниот премиер на Република Косово, Авдула Хоти, при што упати честитки за изборот на новата Влада.

-Во овие сложени времиња на заканата од пандемијата КОВИД-19, ова се добри вести кои навестуваат политичка стабилност, не само за Косово, туку и за целиот регион. Дозволете во името на Владата на Република Северна Македонија да Ви честитам на изборот со надеж дека заедно, како непосредни соседи, ќе продолжиме во изградбата на пријателски односи, во насока на исполнување на нашата заедничка цел, европската интеграција на двете земји и воошто на целиот регион, порача Османи, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Back to top button
Close