Османи на средба со Борел во Брисел

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе престојува во работна посета во Брисел, во чии рамки ќе оствари средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, а ќе се обрати на конференцијата „Повеќе од дезинформации: Зајакнување на нашите општества против странските манипулации и влијанија врз информациите”, информираат од МНР.

Оттаму информираат дека конференцијата е во организација на Борел, а ќе учествуваат и претседавачот на Специјалниот комитет за странско мешање во демократските процеси и Групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Рафаел Глуксман, помошник генералниот секретар за јавна дипломатија на НАТО, Мари-Доха Бесансот како и заменик-генералниот секретар за глобални комуникации на Обединетите нации, Мелиса Флеминг.

„Во рамки на конференцијата, чија цел е градењето отпорност против дезинформациите, ќе се презентира вториот извештај на Европската служба за надворешни работи со фокус на дезинформациите“ велат од МНР.

Back to top button
Close